Папата Франсис денес им се заблагодари на Бразилците за пречекот кој што му го приредија во текот на неговата еднонеделна посета.
Тој по денешната миса на плоштадот Свети Петар во Рим, коментирајќи за големиот број присутни млади, изјави дека тоа личи на Рио Де Женеиро.
Папата Бразилците ги нарече добри луѓе со големо срце, додавајќи дека станува збор за добродушна нација.
Посетата на поглаварот на римокатоличката црква во Бразил беше негово прво патување, откако стапи на должноста во март годинава.
Елена Георгиевска