Папата се прости од својот народ

Од:

[staff name=”Елена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]Папата Бенедикт Шестнаесетти денес зборуваше за моментите на радост и светлост, но и за „заматените води“ во текот на последното обраќање на верниците, пред да ја напушти светата столица.

Папата дојде на плоштадот Св. Петар, каде што го дочекаа повеќе од 150 илјади верници и туристи, кои што се собрале за да го слушнат последен пат.

Многу од присутните носеа натписи со „Благодарам“, кое беше испишано на повеќе јазици.

Имаше моменти на радост и светлина, но и моменти кои не беа лесни, кога ветровите дуваа во спротивен правец, како и во текот на целата историја на црквата кога изгледаше дека Господ спие. Но секогаш знаев дека црквата не е моја, ниту нивна, туку е негова и тој нема да дозволи таа да потоне – изјави подглаварот на Римокатоличката црква.

Папата Бенедикт им се заблагодари на кардиналите, колегите и верниците за поддршката и почитувањето на неговите одлуки, да биде прв папа кој по 600 години поднесе оставка.

Тој истакна доколку ја сакаш црквата треба да имаш храброст да донесуваш тешки и болни одлуки. Секогаш треба да се земе в предвид доброто на црквата, а не своето.

Папата кој наскоро ќе наполни 86 години изјави дека одлуката за повлекување од должноста ја донел свесно и дека чувствува мир на душата.

Тој потсети дека откако стана папа во 2005 година, голем терет носел на своите плеќи и дека нема приватен живот.

Бенедикт повтори дека целосно ќе се повлече од активниот живот.

Нема да го напуштам крстот, но сепак ќе останам со Господ – изјави папата, додавајќи дека ќе остане во служба со молитви.

Ватикан соопшти дека папата по повлекување ќе го носи името „папа емеритус“, и ќе ја задржи почесната титула „неговата светлост“.

Тој и понатаму ќе носи бела облека, но без капа, црвени чевли и обележја.

Би можело да ве интересира

Ватикан ги откри најновите информации за здравствената состојба на папата

Ана Ололовска

Папата им ги изми и бакна нозете на 12 млади затвореници

Ана Ололовска

Ватикан: Папата Франциско има тешка настинка

Ана Ололовска

Папата Франциск го осуди насилството во Израел и на Западниот Брег, повика на дијалог и потрага по мир

Ана Ололовска

Папата: Хомосексуалноста не е кривично дело, сите сме Божји деца

А1он

Италијанската премиерка во прва официјална посета на папата Франциск

Ана Ололовска