Папата Франциско призна минатиот петок дека и тој е грешник. Изјавата можеби е неочекувана од личност за која се верува дека е безгрешна, но папата теолошки непогрешлив само кога зборува на екс катедра, не и кога е во прашање неговото приватно и друго делување.
„Јас сум грешник, се чувствував како грешник, сигурен сум дека сум грешник. Грешник сум на кој Господ гледа со милост“, рече папата во разговор за неделникот Кридер.
Дури и сега грешам и правам грешки и се исповедувам секои 15 до 20 дена, вели тој.
Папата разговарал со новинарите на неделникот по повод почетокот на годината на милосрдие која папата ќе ја покрене на 8 декември со отварање на светите врати во базиликата Свети Петар.
Тој одлучил дека милоста ќе биде централна тема на тој јубилеј.
„Мислам дека е време за милосрдие. Сите сме грешници, се нас нешто не притиска“, рече тој.