Глобалната криза се заканува да создаде изгубена генерација млади, безработни луѓе, предупредува папата Франциско.
– Глобалната криза не им донесе ништо добро на младите луѓе. Минатата недела ги видов податоците за тоа колку има невработени млади. Ни се заканува опасноста да имаме генерација невработени – изјавил папата Франциско.
Тој, во рамките на првиот престој надвор од Ватикан, на 28 јули ќе престојува во Бразил за време на одбележувањето на Светскиот ден на младите, голем римокатолички празник меѓу младите верници.