Папата Франциско повика денеска од говорницата на Генералното собрание на ОН за реформирање на светската организација, со цел постигнување на поголема еднаквост меѓу земјите и ограничување на злоупотребата на сила.
Поглаварот на Римокатоличката црква исто така упати апел за договарање на фундаментални и ефикасни договори на претстојната во декември во Париз меѓународна конференција за климата.
– Еколошката криза и уништувањето на биоразновидноста, се закануваат на постоењето и на човечкиот род, предупреди тој.
– Алчноста води до уништување на природните ресурси на Земјата на штета на сиромашните, рече Франциско. Тој исто така го осуди задушувањето на сиромашните држави од нивните кредитни системи, наложени од меѓународните финансиски институции.