Папата повика на забрзување на дистрибуцијата на вакцините против Ковид-19

Од:

Папата Франциск во својата велигденска порака денеска ги повика земјите да ја забрзаат дистрибуцијата на вакцините против Ковид-19, особено на сиромашните нации во светот, а вооружените конфликти и воените трошоци за време на пандемија ги нарече скандалозни.

Поради пандемијата на коронавирусот, втора година по ред, мал број луѓе присуствуваа на велигденската служба на папата во Ватикан, собрани во споредниот олтар на базиликата Свети Петар, наместо во црквата или плоштадот.

Поради рестриктивните мерки, само 200 луѓе можеа да присуствуваат на мисата.

Откако одржа миса, папата Франциск ја прочита својата порака „Urbi et Orbi“ (До градот и светот), во која традиционално се осврнува на светските проблеми и апелира за мир.

– Пандемијата сè уште се шири, додека социјалната и економската криза останува сериозна, особено за сиромашните. Па сепак, и тоа е скандалозно, вооружените конфликти не се завршени и воените арсенали се зајакнуваат, рече папата.

Папата побара од Господ да ги утеши болните, оние кои загубиле некој близок и невработените, повикувајќи ги властите да им дадат на семејствата на кои им се потребни пристојни средства за живот.

Тој ги пофали медицинските работници, сочувствуваше со младите кои не можеа да одат на училиште и рече дека сите се повикани да се борат против пандемијата.

Папата Франциск, кој честопати повикуваше на разоружување и целосна забрана за нуклеарно оружје, рече: „Сè уште има премногу војни и премногу насилство во светот! Нека Бог, кој е наш мир, ни помогне да го надминеме начинот на размислување за војната“.

Би можело да ве интересира

Ватикан ги откри најновите информации за здравствената состојба на папата

Ана Ололовска

Папата им ги изми и бакна нозете на 12 млади затвореници

Ана Ололовска

Ватикан: Папата Франциско има тешка настинка

Ана Ололовска

Папата Франциск го осуди насилството во Израел и на Западниот Брег, повика на дијалог и потрага по мир

Ана Ололовска

Папата: Хомосексуалноста не е кривично дело, сите сме Божји деца

А1он

Италијанската премиерка во прва официјална посета на папата Франциск

Ана Ололовска