Папата повика на прекин на огнот и ослободување на заложници во конфликтот меѓу Израел и Хамас

Од:

Папата денеска упати силен апел“ до меѓународната заедница да го прекине речиси двегодишниот конфликт меѓу Израел и Хамас, повикувајќи на траен прекин на огнот, ослободување на заложниците држени во Газа и обезбедување хуманитарна помош.

Уште еднаш упатувам силен апел, да се стави крај на конфликтот во Светата земја, кој предизвика толку многу терор, уништување и смрт“, рече папата во своето обраќање во Ватикан, според Ројтерс.

Барам сите заложници да бидат ослободени, да се постигне траен прекин на огнот, да се дозволи хуманитарна помош безбедно да влезе и целосно да се почитува меѓународното хуманитарно право“, рече тој.

Папата не го спомена директно Израел или палестинскиот Хамас, но рече дека меѓународното право наложува обврска за заштита на цивилите, забрана за колективно казнување, неселективна употреба на сила и присилно раселување на населението“.

Папата претходно го повика Израел да дозволи поголем проток на хуманитарна помош во Газа.

Конфликтот меѓу Израел и Хамас започна на 7 октомври 2023 година, кога вооружени лица предводени од Хамас го нападнаа јужен Израел, убивајќи околу 1.200 луѓе, претежно цивили, според израелските власти, и земајќи 251 заложник.

Во воената офанзива на Израел против Хамас оттогаш се убиени најмалку 62.000 Палестинци, претежно цивили, според Министерството за здравство на Газа.

Би можело да ве интересира

Започнат е нов „бран“ напади врз цели во Техеран

Аракчи: Израел не сака да се видат последиците од иранските напади, а ние само што почнавме

Мерц: Анексијата на Западниот Брег од страна на Израел би била голема грешка

Израел го отфрла предлогот на Либан: Нема „пауза“ во офанзивата против Хезболах

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Снимка која ги побива тврдењата на Трамп: Дали сепак САД се одговорни за смртта на учениците во Иран?

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Прати му го ова на Трамп: Иранците на улица го прославуваат изборот на Моџтаба Хаменеи