Папата повика на меѓуверски дијалог

Од:

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, во пресрет на Божик, упати писмо до христијаните на Истокот, повикувајќи на меѓуверски дијалог без разлика на проблемите.

Во писмото, објавено на седум јазици, меѓу кои и на арапски, папата оцени дека „меѓуверскиот дијалог е сè повеќе потребен кога ситуацијата станува потешка“ и оти „друг пат освен тој не постои“.

„Тоа е најдобриот противотров за искушение за верскиот фундаментализам. Можете да им помогнете на муслиманите да ја претстават поубавата слика за исламот затоа што многумина од нив тоа и го сакаат“, навел папата и додал дека многу муслимани повторуваат дека „исламот е религија на мирот, која ги почитува човековите права и заедничкиот живот“.

Папата истакна дека е потребно сите верски поглавари „јасно да се изјаснат против тероризмот“, охрабрувајќи ги на преговори и на дипломатски дијалог.

Би можело да ве интересира

Ватикан ги откри најновите информации за здравствената состојба на папата

Ана Ололовска

Папата им ги изми и бакна нозете на 12 млади затвореници

Ана Ололовска

Ватикан: Папата Франциско има тешка настинка

Ана Ололовска

Папата Франциск го осуди насилството во Израел и на Западниот Брег, повика на дијалог и потрага по мир

Ана Ололовска

Папата: Хомосексуалноста не е кривично дело, сите сме Божји деца

А1он

Италијанската премиерка во прва официјална посета на папата Франциск

Ана Ололовска