Папата: Постои разлика меѓу исламот и тероризмот

Од:

Папата Франциско изјави дека не ги изедначува исламот и тероризмот, нагласувајќи дека и христијаните можат да бидат исто толку смртоносни и предупреди дека Европа својата младина ја турка кон тероризам.

– Сметам дека не е правилно да се изедначува исламот со насилството. Во речиси секоја религија има некоја мала група фундаменталисти. И кај нас има, истакна папата, појаснувајќи ја својата одлука да не го спомене исламот кога го осуди бруталното џихадистичко убуство на католички свештеник во Франција, за кое ордговорноста ја презеде Исламска држава. 

– Доколку треба да зборувам за исламистичко насилство, треба да зборува и за христијаско насилство. Секој ден во весниците во Италија гледам насилство, овој ја убил својата девојка, оној тештата, а сите тие се крстени како католици, изјави папата за време на посетата на Полска.

Според него религијата не е вистинскиот покренувач на силата, која стои зад тероризмот.

Би можело да ве интересира

Ватикан ги откри најновите информации за здравствената состојба на папата

Ана Ололовска

Папата им ги изми и бакна нозете на 12 млади затвореници

Ана Ололовска

Ватикан: Папата Франциско има тешка настинка

Ана Ололовска

Папата Франциск го осуди насилството во Израел и на Западниот Брег, повика на дијалог и потрага по мир

Ана Ололовска

Папата: Хомосексуалноста не е кривично дело, сите сме Божји деца

А1он

Италијанската премиерка во прва официјална посета на папата Франциск

Ана Ололовска