Папата побара слободен пристап за сите евреи, муслимани и христијани до светите места

Од:

Папата Франциско денеска повика да се обезбеди слободен пристап за сите еврејски, муслимански и христијански верници до светите места во Ерусалим.

Светиот отец својот апел го упати на средба со израелскиот претседател Шимон Перес.

Перес ја прифати вчерашната покана на папата за заедничка молитва за мир со палестинскиот претседател Махмуд Абас во Ватикан.

Абас уште вчера го прифати предлогот, соопшти шефот на палестинската делегација во преговорите со Израел Саеб Еракат. Според него, заедничката молитва може да се оддржи на 6 јуни.

Како што наведува ИТАР-ТАСС, шефот на прес-службата на Светата столица Федерико Ломбарди, меѓутоа, изјавил дека датумот на претстојната средба уште не е прецизиран.

Би можело да ве интересира

Ватикан ги откри најновите информации за здравствената состојба на папата

Ана Ололовска

Папата им ги изми и бакна нозете на 12 млади затвореници

Ана Ололовска

Ватикан: Папата Франциско има тешка настинка

Ана Ололовска

Папата Франциск го осуди насилството во Израел и на Западниот Брег, повика на дијалог и потрага по мир

Ана Ололовска

Папата: Хомосексуалноста не е кривично дело, сите сме Божји деца

А1он

Италијанската премиерка во прва официјална посета на папата Франциск

Ана Ололовска