Папата отпатува од Лезбос за Рим заедно со 12 бегалци

Од:

Папата Франциско денеска при заминувањето од островот Лезбос, со себе кон Рим поведе и 12 сириски беглаци, соопшти попладнево Ватикан.  

Како што јавија италијанските медиуми, станува збор за три семејства на бегалци-муслимани, од кои шест се деца.

Според Ватикан, на овој начин папата сакал „да изрази гест на добредојде“ за бегалците, кои досега се наоѓаа во кампот на островот Лезбос.    

За овие бегалци ќе се грижи Ватикан и тие ќе бидат сместени во италијанската католичка заедница Сан Егидио.

Папата Франциско днеска во придружба на вселенскиот патријарх Вартоломеј и поглаварот на Грчката православна црква, архиепископот атински и сегрчки Јероним, го посети центарот за прием на бегалци Морија на Лезбос, каде на мигрантите им порача дека не се сами и ја повика меѓународната заедница да покаже заедничка хуманост во бегалската криза.

Инаку, како што јави АНА-МПА, за време на престојот во Морија, тројцата црковни великодстојници ручале заедно со три сириски бегалски семејства. На менито на ручекот имало ориз, зеленчук, маслинки, леб и алва.

Засега не е позната дали овие три семесјтава се истите, кои папата ги поведе со себе во Рим.

Претходно, грчката телевизија ЕРТ јави дека папата при средбата со бегалците најавил дека планира со себе во Италија од Лезбос да поведе десетмина мигранти. 
Во врска со ваквата најава, портапролот на Ватикан, Федерико Ломабрди изјави дека „нема што да каже во овој момент“, додавајќи дека „секој момент има свое значење“.

Би можело да ве интересира

Ватикан ги откри најновите информации за здравствената состојба на папата

Ана Ололовска

Папата им ги изми и бакна нозете на 12 млади затвореници

Ана Ололовска

Ватикан: Папата Франциско има тешка настинка

Ана Ололовска

Папата Франциск го осуди насилството во Израел и на Западниот Брег, повика на дијалог и потрага по мир

Ана Ололовска

Папата: Хомосексуалноста не е кривично дело, сите сме Божји деца

А1он

Италијанската премиерка во прва официјална посета на папата Франциск

Ана Ололовска