Папата одобри свештениците да дадат прошка за абортус

Од:

Папата Франциско нагласи денеска дека свештениците може да простат абортус што во Католичката црка се смета за грев.

– Одобрувам сите свештеници…да дадат прошка на оние кои извршиле грев со абортус, наведува папата во апостолско писмо со кое означува крај на Годината на милосрдност.

Тој прецизира дека тоа одобрување кое претходно го даде како привремено со важење во светата година, сега го прогласи трајно.

Папата Франциско (79) во неделата потврди дека абортусот е „тежок грев“. Следниот ден сепак рече дека крајот на светата Година на милосрдност не значи и крај на милоста и дека на наводните грешници мора да им се даде шанса за покајување.

Би можело да ве интересира

Ватикан ги откри најновите информации за здравствената состојба на папата

Ана Ололовска

Папата им ги изми и бакна нозете на 12 млади затвореници

Ана Ололовска

Ватикан: Папата Франциско има тешка настинка

Ана Ололовска

Папата Франциск го осуди насилството во Израел и на Западниот Брег, повика на дијалог и потрага по мир

Ана Ололовска

Папата: Хомосексуалноста не е кривично дело, сите сме Божји деца

А1он

Италијанската премиерка во прва официјална посета на папата Франциск

Ана Ололовска