Папата испраќа инспектори во Келн по обвинувања за црковен сексуален скандал

Од:

Папата Фрациск нареди инспекција на Католичката црква во Келн по скандал предизвикан од критиките за односот на црквата кон сексуален напад од свештеници во западниот германски град, јави ДПА.

Папата има намера следниот месец да испрати за проверки во најголемата германска епархија за да ги испита „можните грешки“ на келнскиот кардинал Рајнер Марија Волки во врска со обвинувањата за непристојно сексуално однесување.

На почетокот на оваа година, Волки одби да поднесе оставка по објавувањето на независен и многу критичен извештај за случаите на сексуално насилство, во кој тој беше обвинет за неизвршување на службените должности. Скандалот ги наведе одговорните на 14 од 15-те локални црковни области да побараат од Волки да сноси „лична одговорност“.

Наместо тоа, тој инсистира на тоа дека има намера да ги подобри црковните мерки за да се осигура дека нема да има повеќе грешки.

Папската инспекција со широки овластувања ќе ја спроведат двајца бискупи – на Стокхолм, кардиналот Андерс Арборелиус и Јоханес ван ден Хенде, епископ од Ротердам и претседател на холандската епископска конференција.

Би можело да ве интересира

Ватикан ги откри најновите информации за здравствената состојба на папата

Ана Ололовска

Папата им ги изми и бакна нозете на 12 млади затвореници

Ана Ололовска

Ватикан: Папата Франциско има тешка настинка

Ана Ололовска

Папата Франциск го осуди насилството во Израел и на Западниот Брег, повика на дијалог и потрага по мир

Ана Ололовска

Папата: Хомосексуалноста не е кривично дело, сите сме Божји деца

А1он

Италијанската премиерка во прва официјална посета на папата Франциск

Ана Ололовска