Поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциско синоќа на велигденското бдеење во базиликата Свети Петар крсти десетина луѓе и од нив побара својата вера да ја носат „до крајот на светот“.
Папата Франциско го почна бдеењето така што во темната Базилика влезе со една запалена свеќа, која потоа ја палеше на останатите верници и на тој начин се повеќе се осветлуваше црквата.
Со тој симболичен чин се одбележува тагата на верниците поради распетието на Исус Христос на Велики Петок, како и нивната радост поради неговото воскресение на Велигден.
Папата од свештениците, бискупите, кардиналите и верниците собрани на синоќешната служба побара да се сетат кога првпат ја откриле својата вера. – Дали јас се сеќавам на тоа? Дали тоа сум го заборавил? Побарајте ја верата и ќе ја најдете. Господ ве чека, рече папата Франциско.
– Обидот за присетување не е носталгија, туку начин силите на верата да се допрат до „сите луѓр, до самиот крај на светот, истакна папата Франциско.
Full article