Папата Франсис синоќа одржа миса на плажата Копакабана, по повод Светскиот ден на младите, на која што присуствуваат околу два милиони лица.
– Младите луѓе од улиците се оние кои што сакаат да бидат учесници во промените. Да не дозволиме другите да бидат актери на промените-порача тој.
Претставникот на Ватикан, Федерико Ломбарди изјави дека на мисата присуствувале два милиони млади луѓе и дека тоа е трета ноќ по ред папата Франсис да успее да привлече толку голем број на луѓе на Копакабана.
По завршување на последната миса, папата денес ќе се врати во Рим.
Елена Георгиевска