Папата Франциско го повика денеска светот „да им подаде рака на сиромашните“, критикувајќи го „цинизмот и рамнодушноста“ на оние кои ги префрлаат своите богатства преку своите компјутери или се богатат со продажба на оружје и дрога.
– Овие месеци кога целиот свет е зафатен од вирусот кој донесе болка и смрт, неволја и загриженост, можевме да видиме голем број испружени раце, истакна папата во својата порака по повод Светскиот ден на сиромашните.
Заблагодарувајќи им се уште еднаш на лекарите, медицинските сестри, фармацевтите, волонтерите и свештениците, кои се жртвуваа во првата борбена линија за време на пандемијата на Ковид-19, доведувајќи ги во опасност своите животи, поглаварот на Римокатоличката црква нагласи дека тие „им се спротивставиле на заразата и стравот со цел да помогнат и да дадат утеха“.