Поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциск денеска го осуди воениот удар во Мјанмар, изрази солидарност со народот и апелираше до политичкото раководство на таа земја да биде во служба на општото добро и да се залага за „демократска хармонија“.
За време на денешното обраќање Урби ет орби на плоштадот Свети Петар, папата изрази длабока загриженост за настаните во Мјанмар, земјата што ја посети во 2017 година.
Денеска илјадници луѓе низ Мјанмар излегоа на улиците да го изразат своето незадоволство од воениот удар и да побараат ослободување на избраната премиерка и добитничка на Нобелова награда за мир Аунг Сан Су Чи.
– Ова е многу деликатен момент. Би сакал да ја потврдам мојата духовна врска со луѓето во Мјанмар, да им ги упатам своите молитви и да изразам солидарност, рече папата Франциск.