Папата Франциск денеска го осуди нападот со беспилотно летало врз резиденцијата на ирачкиот премиер Мустафа ал Кадими како „подмолен терористички чин“.
Ал Кадими не беше повреден кога во неделата врз неговиот дом во Багдад беа лансирани три дронови со експлозив. Неколку негови телохранители беа повредени.
Ватикан соопшти дека државниот секретар на Ватикан испратил порака до премиерот во име на папата Франциск кој во март го посети Ирак.
– Осудувајќи го овој подмолен чин на тероризам, Неговата Светост уште еднаш го изразува своето уверување дека со благослов на Севишниот Бог, на ирачкиот народ ќе му се потврди мудроста и силата да го води патот на мирот преку дијалог и братска солидарност, се вели во пораката.