Ватикан вчера, како симбол на мир, наместо гулаби, пушти балони. Причината за тоа се „инцидентите“ со гулабите. За потсетување, другите птици, како што се гавраните и галебите, ги напаѓаа гулабите, а некои од нив се враќаа на прозорците на Базиликата „Свети Петар“ и не сакаа да одлетаат.
Традицијата пуштање гулаби ја воведе папата Јован Павле Втори, а вчера ја прекина папата Франциск.
– Еве балони кои претставуваат мир – рече вчера папата.