Папата ги поздрави САД и Куба и им вети поддршка за обновата на односите

Од:

Папата Франциско денеска ги поздрави САД и Куба за нивната одлука да ги обноват дипломатските односи.

Ватикан веќе соопшти дека е подготвен да им помогне во зацврстувањето на билатералните односи.

Во своето соопштение Ватикан потврди дека неговите дипломати помогнале во преговорите меѓу двете земји кои довеле до „взаемно прифатливи одлуки“.

Светиот отец срдечно ги поздрави владите на САД и Куба за донесената историска одлука да ги обноват дипломатските односи со цел, во интерес на своите граѓани, да ги надминат тешкотиите, кои ја одбележаа нивната истроија.

Папата им пишал писма на кубанскиот претседател Раул Кастро и на американскиот претседател Барак Обама, со кои ги повикува да ги решат хуманитарните прашања од заеднички интерес, вклучувајќи ја и ситуацијата на затворениците, за да го постават почетокот на новата фаза во односите на двете земји.

Во декларацијата се потврдува дека ватиканската дипломатија одиграла улога за конструктивен дијалог за деликатните прашања, кои доведоа до одлуките прифатливи за двете земји, и во неа се додава дека Светата столица ќе продолжи да ги поддржува иницијативите, што двете држави ќе ги преземат за да ги зацврстат своите билатерални односи во име на благосостојбата на своите граѓани.

Би можело да ве интересира

Ватикан ги откри најновите информации за здравствената состојба на папата

Ана Ололовска

Папата им ги изми и бакна нозете на 12 млади затвореници

Ана Ололовска

Ватикан: Папата Франциско има тешка настинка

Ана Ололовска

Папата Франциск го осуди насилството во Израел и на Западниот Брег, повика на дијалог и потрага по мир

Ана Ололовска

Папата: Хомосексуалноста не е кривично дело, сите сме Божји деца

А1он

Италијанската премиерка во прва официјална посета на папата Франциск

Ана Ололовска