Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франсис ги повика христијаните и муслиманите да ја урнат оградата на недоверба и омраза и ги повика на взаемно почитување.
Пораката е упатена во време кога радикалните исламисти ги доведуваат во опасност многуте христијани во светот, а кон муслиманите често лошо се однесува на Западот.
Папата ја потпиша годишната порака на Советот за Ватикан за меѓуврески дијалог, на чие чело е и францускиот кардинал Жан Луј Торан.
-Оваа година одлучив лично да ја потпишам оваа традиционална порака, како израз на почитување и пријателство кон сите муслимани, особено кон верските лидери, напиша тој.
Исто го направи само папата Јован Павле Втори во 1991 година.
Елена Георгиевска