Папата Францис ги повика денеска христијаните, евреите и муслиманите да работата заедно за правда и мир во рамките на посетата на стариот град на Ерусалим, каде се наоѓа џамијата Ал Акса.
– Ајде да работиме заедно за правда и мир, изјави папата на Ридот на храмовите (Харам ал Шариф).
Папата пристигна во придружба на големиот еврејски муфтија, Мухамед Хусеин, католици и муслимански претставници, а за безбедноста се грижеа ватикански чувари и израелската полиција.
Папата Францис денеска ја завршува тридневната посета на Светата земја во рамките на која ги посети Јордан, Витлеем на Западниот брег и Ерусалим. Целта на неговата посета првенствено е од верски карактер, но се очекува таа да придонесе за намалување на тензиите во регионот.