Папата Френсис денеска ќе го посети својот претходник Бенедик XVI, во летната резиденција Кастел Гендолфо, која што е 25 километри одалечена од Рим.
Како што пренесе „ВИА“ папата до Кастел Гендолфо, ќе биде пренесен со хеликоптер.
Првата средба на новиот папа со Бенедикт е насловена „папа во мир“.
Бенедикт XVI е првиот папа кој по 600 години ја напушти светата столица, поради тоа што не можел да се справи со проблемите бидејќи се заморувал.
Тој не присуствуваше на инаугурацијата на папата Френсис, во вторникот, но телевизиски ја следел.
Елена Георгиевска