Новоизбраниот папа Френсис за следниот четврток најави предвелигденската миса која нема да се одржи во вообичаените базилики туку во центар за малолетни деликвенти каде што ќе им ги измие и ќе им ги бакне нозете на 12 малолетници кои се огрешиле од законот.
Попладдневната миса на Светиот четврток (ден пред Големиот петок), нема да се одржи ни во базиликата Свети Петар ни во онаа Свети Јован Латерански туку во еден казнено-поправен дом во близина на Рим, каде што ќе им ги измие и бакне нозете на дузина малолетни штитеници, ритуал со кој се оддава почит кон она што Исус им го направи на своите следбеници по Тајната вечера.
Ваквата церемонија е нормален продолжеток на она што Бергољо го праваше како кардинал на Буенос Аирес кога неговите миси се одржувале во болници, затвори или прифатни центри.
И Бенедикт го има посетено овој казнено-поправен дом но не со ваков ритаул. Последен Папа што миел некому нозе беше Јован Павле Втори, кога во 1980-та собра неколкумина бездомници на миса во римската катедрала Свети Јован.