Папата Франсис замина во Бразил

Од:

Папата Франсис денес замина во повеќедневна посета на Бразил, поради што во таа држава ќе допатуваат речиси1.5 милиони верници од целиот свет, но и атеисти и хакерската група „Анонимуси“ која најави демонстрации поради големата сума на пари кои ќе се потрошат при посетата на поглаварот на римокатоличката црква.

Во текот на својата прва посета во странство, папата Франсис на 28-ми јули ќе го одбележи Светскиот ден на младите, големиот римокатолички празник помеѓу младите верници.

-Ќе пристигнам во Бразил за некој часа и срцето веќе ми е полно со радост, бидејќи наскоро ќе го прославам празникот-напиша тој утрово на својот профил на „Твитер“.

Најавено е дека папата денес ќе се сретне со претседателката на Бризил, Дилма Русеф, додека во среда ќе го посети храмот на Богородица Апересиде.

Атеисти и припадници на хакерската група „Анонимуси“ најавија дека ќе организираат демонстрации пред гувернерската палата во Рио во текот на состанокот на папата со претседателката.

Тие се лути на бразилските власти поради одлуката да се издвојат дури 53 милиони долари од државната каса, поради посетата на папата.

Покрај 12.000 полицијци кои ќе се грижат за безбедноста, во помош им доаѓаат уште 7.000, како и дополнителни 1.700 пропадници на националната сила и единица на федералната полиција.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Ватикан ги откри најновите информации за здравствената состојба на папата

Ана Ололовска

Папата им ги изми и бакна нозете на 12 млади затвореници

Ана Ололовска

Ватикан: Папата Франциско има тешка настинка

Ана Ололовска

Папата Франциск го осуди насилството во Израел и на Западниот Брег, повика на дијалог и потрага по мир

Ана Ололовска

Папата: Хомосексуалноста не е кривично дело, сите сме Божји деца

А1он

Италијанската премиерка во прва официјална посета на папата Франциск

Ана Ололовска