Папата Франсис го пофали својот претходник, Папата Бенедикт XVI, поради тоа што храбро се раководел со сопствената совест кога одлучил да даде оставка.
Бенедикт во февруари стана првиот папа во последните 600 години, кој се повлече од функцијата.
-Мора да научиме да ја слушаме својата совест-изјави Франсис.
Според неговите зборови Бенедикт треба да служи како пример кој сите треба да го следат.
Елена Георгиевска