Папата Франсис одби да се префрли во Апостолската палата и одлучи да остане во хотелот Света Марта.
На појадокот во ватиканскиот хотел, наменет за високото свештенство, папата се изјасни дека ќе остане во својот апартман.
Според него, просториите на вториот кат во Апостолската палата во кои претстојуваше Бенедикт XVI, се голем простор за живот.
Портпаролот на Ватикан, Федерико Ломбарди изјави дека папата сака да живее со останатите свештеници и дека не знае уште колку ќе остане во Домот на Света Марта.
Тука има 120 соби наменети за кардиналите, а во нив претстојуваат свештеници и бискупи кои работат во Ватикан.
Просторот неодамна е обновен, така што на свештениците, а сега и на папата им се на располагање библиотека, салон за дружење и капела, додека собите се скромни и без посебен комфор.
Потврдено е дека папата во четврток ќе го посети затворот за малолетници Casal del Marmoi, при што ќе измие нозете на дванаесетте момчиња.
Изборот падна на млади кои што се од друг етникум, а во затворот има 46 малолетници, меѓу кои и осум Италијани.
Поголемиот број од малолетниците во затворот се од Африка и од територијата на поранешна Југославија.
Елена Георгиевска