Папата Франсис ја повика Римокатоличката црква да се ослободи од суетата

Од:

Римокатоличката црква треба да се ослободи од суетата, арогантноста и горделивоста и смирено да им служи на најсиромашните членови на општеството, изјави папата Франсис во обраќање по повод празнувањето на светецот Франческо Асишки.

Обраќањето на папата се совпаѓа со тежкиот период низ кој минува Црквата, која е потресена од сексуални и финансиски скандали.

Папата не го прочита претходно поготвениот говор и зборуваше надвор од предвидените рамки, откако здогледа дека во црквата се присутни многу сиромашни и болни луѓе.

– Многумина од вас се погодени од тој суров свет, кој не нуди работа, не помага, не му е грижа дали има деца, кои умираат од глад и не му е грижа за толку многу семејства, кои немаат што да јадат, изјави папата.

Тој ја спомена вчерашната трагедија покрај италијанскиот остров Лампедуза, каде се удавија околу 300 илегални имигранти од Африка, откако потона бродот на кој се наоѓаа. Папата побара католичките манастири, кои не се населени да бидат отворени, за да станат засолништа за имигрантите и бегалците.

Папата спомена дека Св. Франческо Асишки „проповедал почит и љубов кон секое човечко суштество и се што е создадено од Бога“.

– Да го почитувме создаденото, да не бидеме инструменти на разурнувањето, повика тој.

Би можело да ве интересира

Ватикан ги откри најновите информации за здравствената состојба на папата

Ана Ололовска

Папата им ги изми и бакна нозете на 12 млади затвореници

Ана Ололовска

Ватикан: Папата Франциско има тешка настинка

Ана Ололовска

Папата Франциск го осуди насилството во Израел и на Западниот Брег, повика на дијалог и потрага по мир

Ана Ололовска

Папата: Хомосексуалноста не е кривично дело, сите сме Божји деца

А1он

Италијанската премиерка во прва официјална посета на папата Франциск

Ана Ололовска