Атеистите може да донесуваат морални одлуки исто како и религиозните луѓе, напиша денес во писмо до италијанскиот левичарски весник Република, папата Франсис.
-Луѓето кои што не веруваат во Господ треба да ја слушаат својата совест-истакна папата, кој додаде дека е грев оние кои што не се верници да работат спротивно на својата совест-пренесе „Франс прес“.
Писмото на папата претставува одговор на прашањето кое што во текот на јули и август го постави основачот на весникот, Еуџенио Скалфари, кој што призна дека не е верник.
Откако е избран, во март годинава папата Франсис повеќе пати повтори дека сака неговите зборови да ги слушаат и припадниците на другите вери, како и неверниците.
Елена Георгиевска