Папата Францискo заминува во посета на Јужна Кореја

Од:

Папата Франциско денеска попладне заминува на своето трето службено патување во странство, откако минатата година стана поглавар на Римокатоличката црква.

Од денеска, па до 19 август понтифот ќе престојува во Јужна Кореја. Официјалната програма на посетата почнува утре.

Папата Јован Павле Втори ја посети Јужна Кореја двапати, во 1984 и во 1989 година, а папата Бенедикт Шеснаесетти не замина на исток подалеку од Јордан.

Пекинг му одобри на авионот на папата на одење и на враќање да мине преку кинескиот воздушен простор. што според аналиитчарите, е знак за затопување на односите меѓу Кина и Светата столица.

Светиот отец има навика на лидери на земјите над кои прелетува да им испраќа телеграми, така што со интерес се очекува пораката што ќе му ја испрати на кинескиот претседател Кси Џинпинг.

На 18 август папата ќе одржи голема миса за корејското помирување, на која се очекуваше да присутвуваат и севернокорејски католици, но Пјонгјанг не го дозволи тоа. Мисата ќе биде отслужена во катедралата Мондон во Сеул, чие име во превод значи Сјаен град.

Некои луѓе се надеваа дека папата Франциско ќе направи и похрабар гест и, на пример, ќа отиде до демаркациската линија меѓу Јужна и Северна Кореја, но од неговото опкружување посочуваат дека во неговата агенда засега нема такви планови.

Првото патување во странство папата го имаше од 22 до 29 јули 2013 година во Рио де Жанеиро по повод деновите на светската католичка младина, а во мај годинава тој ги посети Израел и Западниот Брег.

Би можело да ве интересира

Претседателот на Јужна Кореја официјално уапсен: 20 дена притвор

Птичји пердуви и крв пронајдени во моторите на авионот што се урна во Јужна Кореја

Куба почна да ослободува затвореници како дел од преговорите со Ватикан

Горан Наумовски

ВИДЕО: Уапсен отповиканиот јужнокорејски претседател

Катерина Ѓуровски

Нова полициска акција за приведување на Јун Сук-Јол

Горан Наумовски

Црната кутија не снимала четири минути пред авионот на Јеју Ер да удри во ѕид во Јужна Кореја