Папата Франциско загрижен поради сепаратизмот во Европа

Од:

Папата Франциско изрази загриженост поради сепаратистичките движења што се шират во Европа, како тие во Шкотска и во Каталонија, каде следните месеци се закажани референдуми за независност на овие два региони.

– Овие движења ме загрижуваат, истакна поглаварот на Римокатоличката црква во изјава за каталонскиот весник „Вангардија“.

Папата, кој е Аргентинец, ја потенцира разликата меѓу поранешните колонии, кои сакаа да добијат право на самоопределување, како латиноамериканските земји и сепаратистичките движења слични на тие во поранешна Југославија.

– Очигледно има народи со толку различни култури, така што дури и со лепак е тешко да ги обединиш. Југословенскиот случај е многу јасен, но се прашувам дали е тоа е толку јасно и во другите случаи, меѓу другите народи, кои досега биле заедно, додаде тој.

Според папата, секој случај треба да се гледа посебно. – Швајцарија, Паданија, Каталонија. Има случаи, кои беа оправдани и случаи кои не се и затоа при одделувањето на една нација што не била принудно обединета, треба да се гледа со големо внимание, предупреди тој.

Шкотските граѓани на 18 септември треба да се произнесат за независност од Обединетото Кралство на референдум, договорен меѓу Лондон и регионалната Влада. Во Каталонија локалните власти имаат намера да организираат референдум за одделување на 9 ноември и покрај противењето на Мадрид.

Би можело да ве интересира

Ватикан ги откри најновите информации за здравствената состојба на папата

Ана Ололовска

Папата им ги изми и бакна нозете на 12 млади затвореници

Ана Ололовска

Ватикан: Папата Франциско има тешка настинка

Ана Ололовска

Папата Франциск го осуди насилството во Израел и на Западниот Брег, повика на дијалог и потрага по мир

Ана Ололовска

Папата: Хомосексуалноста не е кривично дело, сите сме Божји деца

А1он

Италијанската премиерка во прва официјална посета на папата Франциск

Ана Ололовска