Папата Франциско изрази загриженост од засилувањето на антисемитизмот во Европа.
– Антисемитистичките трендови и некои акти на омраза и на насилство во Европа се вознемирувачки. Еден христијанин не може да не ја осуди секоја форма на антисемитизам, изјави папата Франциско на средбата со претставници на Конференцијата на европски рабини.
Аудиенцијата кај папата на европските рабини е прва од формирањето на Конференцијата на европски рабини во 1956 гоидина.
Папата Франциско наведе дека почитта кон другите религии, како јудеизмот, систематски напредува рерчиси половина век односно од усвојувањето на документот од Вториот ватикански собор од 1965 година „Nostra Aetate“ (Нашето време).
– И Евреите и христијаните имаат долг да дадат свој придонес, за да се зачува живото религиозно чувство на луѓето и на нашето општество, посочи папата Франциско.
Главниот рабин на Москва, Пинкас Голдшмидт, претседател на Конференцијата изјави дека денес Евреите во Европа се секундарни жртви на антимуслиманската офанзива преземена од ултрадесничарите.
– Од една страна нашите синагоги, училишта, музеи, старци и деца се напаѓани и убивани од радикалните имигранти… Наместо да се бори против муслиманските радикали, секуларната стара Европа возвраќа со голем напад врз исламот, забранувајќи изградба на минариња и муслиманска женска облека, ограничувајќи го халалот и обрезувањето, истакна рабинот на Москва.