Поглаварот на Католичката црква,папата Франциско изјави дека „слободата на изразувањето и на говорот имаат свои граници“.
Во реакцијата на терористичкиот напад врз редакцијата на францускиот сатиричен весник „Шарли Ебдо„ во кој ислмистички екстремисти убија осум членови на редакцијата,папата ја бранеше слободата на говорот,како едно од виталните човекови права.Тој,сепак,смета дека таквото право не е безгранично.
Според папата Франциско,религиите мора да бидат третирани со целосен респект,а верувањето на луѓето не смее да биде исмевано и навредувано.
Изјавата треба да значи несогласување на поглаваарот на католичката црква со практиката на редакцијата на парискиот весник,да прави карикатури и смешни текстови за муслиманскиот пророк Мухамед,како и за христијаните и за Евреите,што често го има на страниците на „Шарли Ебдо„.
Прикажувањето на ликот на Мухамед, за муслиманите претставува „навреда и богохулство„ па објавувањето на карикатури со исламскиот пророк во минатото ,се верува дека е искористено како повод за терористичкиот напад,зад кои застана Ал Каеда.
Првиот број по нападот, во кој беа убиени главниот уредник,четворица водечки карикатуристи,како и новинари на весникот,на насловната страница,одново го прикажуваше Мухамед,па тој предизвика гнав и осуди во медиумите на сите муслимански земји.
Оценките на тамошните весници,дури и на оние кои се антиислмистички, се дека станува збор за „долевање бензин на огнот„ и за „антимуслиманска провокација„.
Папата,сепак,и покрај забелешката дека има граница со слободата на изразувањето, остро го осуди терористичкиот напад и убиството на вкупно 17 лица.Тој изјави дека нема никакво одобрување за едно вакво „страшно насилство„ извршено во името на Господ.
Папата Франциско допатува во Манила,во рамките на својата шестдневна турнеја по Азија.Филипините се најбројната католичка земја на азискиот континент.