Папата Франциско предупредува на ескалирање на тензиите во Северна Кореја

Од:

Папата Франциско предупреди дека „голем дел од човештвото“ ќе биде уништено доколку ескалираат тензиите со Северна Кореја, додавајќи дека ОН треба да преземат лидерство за пронаоѓање решение.

На прашањето што би му кажал на американскиот претседател Доналд Трамп, кој испратил носач на авиони во близина на Корејскиот полуостров, како и на другите лидери, тој истакнал дека од нив би побарал да користат дипломатија и преговори „бидејќи станува збор за иднината на човештвото“.

– Денес војна од пошироки размери би уништила голем дел од човештвото и културата. Се. Би било страшно. Сметам дека денешното човештво тоа не би можело да го издржи, истакна поглаварот на Римокатоличката црква.

Папата Франциско, исто така, нагласи дека некоја трета земја, како на пример Норвешка, би можела да посредува меѓу Северна Кореја и САД, оценувајќи дека ситуацијата е „премногу зовриена“ и на светот му се заканува катастрофална војна.

Би можело да ве интересира

Џонг Ун: Мора да бидеме подготвени да користиме нуклеарно оружје.

Горан Наумовски

Севернокорејски хакери извршија кражба на деценијата

Северна Кореја испрати повеќе војници во Русија за да се борат против Украинците

Ким Џонг Ун: Оружјето без идеологија е едноставно железна алатка

Џонг Ун: САД стојат зад сите конфликти и крвопролевања во светот

Горан Наумовски

Северна Кореја и Русија ги здружија силите: Почнува производството на дронови