Слободна Далмација – Сплит
Поглаварот на Католичката црква папата Франциско повторно изненади, објаснувајќи дека е многу посовесно да се има христијански брак по период на заедничко живеење, отколку импровизирана црковна свадба, без свест за тоа што значи сакраменталната обврска пред Бога.
Многу бракови пропаднаа, вели папата, бидејќи не постои свест дека тоа е обврска за цел живот, па биле склучувани поради световни причини, како „општествен чин‟.
А нема ни збор за брак, бидејќи невестата е бремена.
– Во Буенос Аирес забранив склучување на црковни бракови во случаи кои ги нарековме Matrimonios de apuro, имено во брзање, кога невестата е бремена. Ги забранив тие бракови бидејќи тоа не се слободни бракови. Можеби се сакаат. Па видов убави случаи во кои се венчаваат две до три години подоцна, па ги гледам како заедно влегуваат во црква, тато и мама со детето за рака. Но, тие знаеја што прават, изјави папата.
Папата Франциско ова го рече не во некој неврзан разговор, туку отварјаќи го редовниот годишен совет на римската надбискупија. Тоа може, а всушност и мора, да се сфати како негово упатство до бискупите и свештениците во таа многубројна надбискупија, која има верници колку и целата Католичка црква во Хрватска, а всушност и во Италија.
Говорејќи без напишан текст, папата дури рече дека „од таа гледна точка, големо мнозинство на сакраментални свадби пропаднаа‟.
Но, во текстот кој беше објавен следниот ден пишуваше „дел‟, а не „големо мнозинство‟.
Прашани дали го цензурираат и папата, директорот на Кабинетот за односи со јавноста Федерико Ломбарди објасни дека таа промена ја авторизирал лично папата.
Од друга страна, папата говореше и за многу невенчани врски во Аргентина, осудувајќи го „празноверието‟, кое ги предизвикува.
– Видов многу верност во тие заеднички животи и сигурен сум дека тоа е вистински брак, имаат милост за брак, токму поради верноста која ја покажуваат, истакна папата.