Папата Франциско повика денеска секоја европска парохија и верска заедница да прифати по едно бегалско семејство како гест на солидарност.
Тој упати апел за време на редовното неделно обраќање во Ватикан. Неговите зборови беа проследени со аплауз од групата луѓе на плоштадот Св. Петар.
Папата изјави дека Ватикан, каде има две парохии, ќе прифати две семејства на бегалци во следните денови.