Папата Франциско повика на „итен прекин на огнот“ во Сирија

Од:

Папата Франциско денеска повика на „итен прекин на огнот“ во Сирија, кој би траел најмалку додека не бидат евакуирани жителите, а посебно децата, кои страдаат од бомбардирањата.

– Не е во ред да се одложува. Со тоа чувство го повторувам мојот повик. Ги молам одговорните лица со сите сили да обезбедат итен прекин на огнот, да го воведат и тој да се почитува, барем додека не бидат евакуирани цивилите, пред се децата, кои се уште се заробени поради крвавите бомбардирања, нагласи папата.

Пред илјадници верници, кои се собраа на плоштадот „Свети Петар“ во Рим, папата ја истакна својата „блискост со сите жртвите на нехуманиот конфликт во Сирија“.

При постојаните бомбандирања на деловите на градот Алепо, што се под контрола на бунтовниците, само вчера загинаа 25 цивили.

Би можело да ве интересира

Ватикан ги откри најновите информации за здравствената состојба на папата

Ана Ололовска

Папата им ги изми и бакна нозете на 12 млади затвореници

Ана Ололовска

Ватикан: Папата Франциско има тешка настинка

Ана Ололовска

Папата Франциск го осуди насилството во Израел и на Западниот Брег, повика на дијалог и потрага по мир

Ана Ололовска

Папата: Хомосексуалноста не е кривично дело, сите сме Божји деца

А1он

Италијанската премиерка во прва официјална посета на папата Франциск

Ана Ололовска