Папата Франциско повика на дијалог и умереност по насилствата во Ерусалим

Од:

Папата Франциско изјави дека е загрижен од новите акти на насилство во Ерусалим и повика на дијалог и умереност за во него да се врати мирот, пренесоа британските медиуми.

-Со треперење ги следам големите тензии и насилство во Ерусалим во текот на последните денови. Чувствувам потреба да упатам искрен повик за умереност и дијалог, изјави папата пред верниците кои беа собрани на плоштадот „Свети Петар“.

Папата повика на молитви со надеж дека сите земји ќе дадат предлози за „мир и помирување“.

Тројца Израелци во петокот беа убиени со ладно оружје во еврејска населба на окупираниот Западен брег, неколку часа откако тројца Палестинци загинаа во насилството предизвикано од одлуката на Израел да инсталира детектори за метал на влезовите кон Ридот на храмот. Палестинците се гневни заради камерите и детекторите за метал, инсталирани на контролните пунктови на влезовите кон Ридот на храмот (Благородното светилиште) во Стариот град на Ерусалим – место кое е свето и за муслиманите и за Евреите.

Мерката за безбедност беше воведена откако минатата недела вооружени Палестинци убија двајца израелски полицајци, пред да бидат ликвидирани, потсетуваат американските медиуми.

Би можело да ве интересира

Бајден и Макрон ќе објават прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах

Либан: Нема сериозни пречки за започнување на прекин на огнот

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег