Папата Франциско за време на посетата на Парагвај ги повика луѓето да не веруваат во идеологии, бидејќи тие секогаш водат кон диктатури.
– Идеологиите завршуваат лошо. Погледнете што се случи со идеологиите од минатиот век, се претворија во диктатури, изјави папата во главниот града на Парагвај Асунсион.
Папата ги повика претприемачите, политичарите и економистите да не подлегнуваат на идеолошки економски модел, што принесува за жртва човечки животи во името на парите, додавајќи дека економскиот развој треба да има човечки облик.
– Јасно е дека за една држава економскиот раст и создавањето на богатство се неопходни нешта. Сепак, тие треба да стигнат до сите граѓани без исклучок и не во корст на некое малцинство, изјави Папата Франциско пред насобраните луѓе.
Според папата корупцијата е гангрена на народот, зло од кое страда 7-милионското население на Парагвај.
Парагвај е трета и последна земја на јужнокорејската турнеја на Папата Франциско, кој претходно ги посети Еквадор и Боливија.