Папата Франциско денеска ги повика словенечките политичари да застанат во одбрана на семејните вредност.
Апелот на папата е четири дена пред референдумот за геј браковите во Словенија. Тој експлицитно не го споменува референдумот.
Граѓаните на Словенија, кој воглавно се католици, в недела на референдум ќе одлучуваат дали да се примени или поништи законот кој дозволува геј бракови. Законот е усвоен во март од страна на словенечкиот Парламент. Законот ќе биде укинат доколку на референдум излезат 20 отсто од гласачите, а мнозинството од нив се изјасни „против“.
Папата Франциско нема ригиден став против хомосексуалците, но недвосмислено се изјаснува против геј браковите.