Папата Франциско одржа миса пред илјадници мигранти на плоштадот Свети Петар

Од:

Папата Франциско денеска ги поздрави 5.000 мигранти верници кои присуствуваа на специјална миса на плоштадот Свети Петар по повод светскиот ден на бегалците, повикувајќи ги да ја чуваат својата култура и вредности.

– Вашето присуство овде на овој плоштад е знак на надеж во Бог. Не дозволувајте да ви ја земат надежта и радоста за живеење, изјави Папата на крајот од молитвата.

Папата неколку пати ги повика европските држави да ги примат мигрантите кои бегаат од војна и беда во своите земји.

– Драги мигранти и бегалци, секој од вас носи своја приказна, култура и драгоцени вредности. За жал многу од вас искусиле и страв, беда и угнетување, изјави Папата пред насобраните верници.

Би можело да ве интересира

Ватикан ги откри најновите информации за здравствената состојба на папата

Ана Ололовска

Папата им ги изми и бакна нозете на 12 млади затвореници

Ана Ололовска

Ватикан: Папата Франциско има тешка настинка

Ана Ололовска

Папата Франциск го осуди насилството во Израел и на Западниот Брег, повика на дијалог и потрага по мир

Ана Ололовска

Папата: Хомосексуалноста не е кривично дело, сите сме Божји деца

А1он

Италијанската премиерка во прва официјална посета на папата Франциск

Ана Ололовска