Папата Франциско започна со прославување на предвелигденската Света недела во Ватикан без вообичаено присуство на бројни верници и туристи. Ова е втора прослава на Велигден што ќе биде одбележана со патни ограничувања и безбедносни антиепидемиски мерки, објави АП.
Папата традиционално ги предводи неделните предвелигденски процесии на плоштадот Свети Петар, а потоа држи миса на отворено за десетици илјади верници. Како и минатата година, папата Франциско ја одржа вчерашната миса во црквата Свети Петар, на која присуствуваа само околу 120 верници, вклучително и чесни сестри.
Беа почитувани мерките за физичко растојание и сите носеа заштитни маски, освен поглаварот на Римокатоличката црква.