Папата Франциско од Порошенко побара политичко решение на украинскиот конфликт

Од:

Папата Франциско денеска од украинскиот претседател Петро Порошенко побара да им даде предност на политичките решенија на конфликтот во источниот дел на земјата со помош на сите заинтересирани страни, информираа француските медиуми.

Ова е првата посета на украинскиот претседател на Ватикан.

Според соопштението на Светата столица, разговорите биле посветени главно на конфликтот во Украина.

„Треба да им се даде предност на политичките решенија со учество на сите заинтересирани страни и како да се почне со целосна примена на спогодбата од Минск од февруари 2015 година. Проблемите, како што се пристапот на хуманитарните организации до зоната на конфликтот, размената на заробеници, улогата на црквата и особено придонесот на католиците, биле разгледани како со папата, така и со вториот човек во Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин“.

При пристигнувањето на Порошенко и неговата сопруга во Ватикан, папата ги поздрави на нивниот мајчин јазик. Во Буенос Аирес папата служел со украински свештеник и од тогаш ги познава основите на овој јазик.

Украинскиот претседател од папата побарал да се заврши беатификацијата (прогласувањето за блажен) на митрополитот на грко-католичката црква Андриј Шептицки. Претходните обиди за неговото прогласување за блажен, во текот на 50-те и 60-те години од минатиот век, биле неуспешни заради интервенција на тогашниот полски архиепископ Станислав Вишински. Според Москва, во текот на Втората светска војна Шептицки активно соработувал со нацистите.

Би можело да ве интересира

Ватикан ги откри најновите информации за здравствената состојба на папата

Ана Ололовска

Папата им ги изми и бакна нозете на 12 млади затвореници

Ана Ололовска

Ватикан: Папата Франциско има тешка настинка

Ана Ололовска

Папата Франциск го осуди насилството во Израел и на Западниот Брег, повика на дијалог и потрага по мир

Ана Ололовска

Папата: Хомосексуалноста не е кривично дело, сите сме Божји деца

А1он

Италијанската премиерка во прва официјална посета на папата Франциск

Ана Ололовска