Папата Франциско: Не сум левичар и антикапиталист

Од:

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско кој од синоќа се наоѓа во прва посета на САД, изјави дека „не е левичар“ ниту пак дека е антикапиталист, пренесува Си-Ен-Ен.

Во разговор со група странски новинари кои патувале со него од Куба, каде претходно беше во посета, до американската база Ендрјус, во близината на Вашингтон, папата рекол дека некои негови поранешни изјави, во кои тој го критикува капитализмот, се погрешно протолкувани.

Во една прилика, зборувајќи на оваа тема, папата го означил „нескроениот“ капитализам во светот како „буниште на ѓаволот“.

„Секако, не сум левичар“, им рекол сега папата на новинарите, додавајќи дека во ниту една негова изјава или порака за економијата, никогаш не бил против социјалната доктрина на црквата.

Сите, меѓутоа, ја истакнуваат неговата скромност и едноставност, одбегнувањето на раскошноста, па од аердромот во базата Ендрјус, папата не користеше некоја од големите американски лимузини, туку до својата резиденција, во американскиот главен град замина со мал автомобил „Фиат“ следен од бројната и моќна безбедносна придружба.

На прес конференцијата, за време на летот до САД, Франциско објаснувал и зашто во Хавана не се сретнал со кубанските дисиденти.

Според поглаварот на сите католици, за време на неколкудневниот престој на Куба, тој немал со никого приватна аудиенција. Папата Франциско рекол дека се сретнал со сите и разговарал со нив, на скалите пред влезот на катедралата во Хавана. Меѓу нив имало и повеќемина кубански дисиденти.

Во текот на посетата на Куба, тој разговараше со својот домаќин, претседателот Раул Кастро, имаше получасовна средба со поранешниот лидер Фидел Кастро, но беше забележливо дека папата во ниту една прилика избегнуваше да дава политички пораки.

Американските медиуми очекуваат, во текот на својата посета на САД да биде „поотворен“ кон политичките прашања.

Би можело да ве интересира

Ватикан ги откри најновите информации за здравствената состојба на папата

Ана Ололовска

Папата им ги изми и бакна нозете на 12 млади затвореници

Ана Ололовска

Ватикан: Папата Франциско има тешка настинка

Ана Ололовска

Папата Франциск го осуди насилството во Израел и на Западниот Брег, повика на дијалог и потрага по мир

Ана Ололовска

Папата: Хомосексуалноста не е кривично дело, сите сме Божји деца

А1он

Италијанската премиерка во прва официјална посета на папата Франциск

Ана Ололовска