Папата Франциско именува 20 нови кардинали

Од:

Папата Франциско денеска назначи 20 нови кардинали, кои ќе му се приклучат на раководството на римокатоличката хиерархија.

Петнаесет од нив се под 80-годишна возраст и можат да учествуваат во конклавата, која избира наследник на поглаварот по неговата смрт или повлекување.

За кардинали се именувани свештени лица од Италија, Португалија, Етиопија, Нов Зеланд, Виетнам, Мексико, Мјанмар, Тајланд, Уругвај, Шпанија и Панама.

Новите „принцови на црквата“ ќе бидат претставени на свечена церемонија во Ватикан, наречена конзисториум, која е закажана за 14 февруари.

Би можело да ве интересира

Ватикан ги откри најновите информации за здравствената состојба на папата

Ана Ололовска

Папата им ги изми и бакна нозете на 12 млади затвореници

Ана Ололовска

Ватикан: Папата Франциско има тешка настинка

Ана Ололовска

Папата Франциск го осуди насилството во Израел и на Западниот Брег, повика на дијалог и потрага по мир

Ана Ололовска

Папата: Хомосексуалноста не е кривично дело, сите сме Божји деца

А1он

Италијанската премиерка во прва официјална посета на папата Франциск

Ана Ололовска