Папата Францискo гради политичка моќ според моделот на Тито и Неврзаните

Од:

Tportal.hr – Загреб

Долга е листата на значајните потези на папата Франциско во последните две години, пишува Александра Шуќур која за Т-портал ги анализира клучните елементи кои го направија еден од најважните државници на светот.

Неговите потези се насочени на светската периферија по моделот кој го користеле Тито и неврзаните, а се насочени кон амбициозни планови. Малите детали кои ја прават разликата јасно укажуваат на тоа дека папата Берголио има чувство за доследност, со зборови и дела. А тоа е, пишува таа, во денешниот глобален политички контекст голема реткост работата да биде уште поинтересна, за разлика од државните политики кои често можат да бидат банални, моменталната ватиканска политика ни најмалку не е поврзана со глобалните протагонистички а уште повеќе антагонистички трендови, ниту малку не ги избегнува кризните глобализациски теми и проблеми, со оглед на тоа дека континуирано вперува прст во нејзините етички и социоекономски девијации.

Дури се стекнува впечаток дека папата попрво во прво лице се става на чело на сите иницијативи кои се цел на расправи и решавање на проблемите кои извираат од глобалните финансиски шпекулации, нарушување на амбиентот, од војните и сиромаштијата. Своето апостолско послание да се биде со последните, Берголио го сфати така да биде буквално со последните, т.е. на страна на маргинализираните, загрозените и отфрлените.

Проценки за целната публика

Фактички ги посетува, разговара и се обидува да ги разбере, за да биде нивен толкувач и застапник, со што својата програмско-апостолска цел ја сели и на ниво на стратегијата, која еден угледен ватиканолог ја оцени како геополитички шкарт.

Тој кој не асоцира на потребата за рециклирање, пренамена, обнова, поправка или барем уредно складирање.

Во континуираната јавна осуда на девијациите, политичката корупција и нееднаквоста, некои конзервативни коментари сакаат да го видат континуитетот на Берголи со своите претходници, мисијата и етиката на Црквата, додека тие попрогресивните во него препознаа Голем реформатор на Црквата падната во пороци од центар на моќ. Иако разбирлива, двете исчитувања се инструментални, оддалечени од фактите и наменети на целните публики.

Хартиена литерарна техника

Самото прелистување на енцикликата Лаудато Сии е доволно за спознавање дека Берголи одлично го познава и нивото на тактиката и техниката, но и дека тој текст и по својата содржина и интерна структура, е нешто повеќе од програмата на политичката акција. Тие 190 страници синхронизирано и асоцијативно удираат во тенките жици на чувствата, умот и инстиктот.

На нив темите не се обработуваат со догматска сигурност и возвишена етика која се мачи сфатливо да се спушти меѓу граѓаните, туку се нижат различни варијации на темата во цел за елаборација на тезите дека општеството и околината, природата и историјата, се деградираат и дека заедно притоа тажно и ужасно запомагаат, бидејќи на плачот на сестрата земја се придружуваат тие што се отфрлени од светот.

Романтично-поетски реченици се изменуваат со академски-научни тези, а францисковиот поглед на борбата за голо преживување се изменува со језуитско-поучни слики, слични на тие во документареците на Национална Географија, кои ги гледаме воодушевувајќи се на екосистемите, чудото на нивната рамнотежа, додека не се нарушени, а понекогаш и смртно ранета под влијание на човечкото неразумно, алчно и лошо делување. Тука теолошкиот пристап е животот кој Господ го сака и во неговата најефемерна форма, во придружба на научниот кор чија апокалиптичен feet го гледа јаглен-двооксидот како го зема здивот на тој живот и предметите на Божјата љубов. Енциклика повикува на конкретни дела, конкретна политика и потези на владите, бидејќи знаеме дека работите можат да се променат, а Создателот нема да не напушти, Тој нема да се откаже од својот проект за љубовта. Тој не се кае што не создал.

Бидејќи ние можеме јаглен-двооксидот да го претвориме во кислород, можеме да ги прочистиме водите, можеме да победиме болести и чуми, да ја запреме дезертификацијата на тлото и да влијаеме на биоразградување на отпадот.

Во една реченица, Лаудато сии е стилски и содржински енциклопедиски пример на креативно пишување. Кое има и своја функција. Тактните измени на драматичниот и разиграниот Папин панорамски приказ, имаат за цел пренос на здивот на планетата, борбата на нејзиниот граден кош, од тропските прашуми до целиот морски пандан, коралните бариери и милиони нови видови на живот.

Знае да ја пронајде вистинската жица на јавноста

Теологија, поетика, драматика, наука… Папата не бира средства додека удира на чувствителните жици и совеста, правејќи ја приемлива за акција и креативни решенија, бидејќи светот е нешто повеќе од проблем кој треба да се реши, тој е радосна мистерија, кој го гледаме со восхит и благодарност.

По нејзината објава, во хрватските медиуми можеа да се прочитаат и многу вредни коментари на тема од енцикликата, додека на широко се обработи уште само неговата посета на Сараево. Меѓутоа, вестите поврзани за одлуката на Папата, потезите и патувањата, остануваат ограничени на медиумскиот куриозитет (признание и апелирање на доброто во секој човек, независно од тоа дали е верник или не), на спектаклот или сензацијата, што влијае на расветлување на сликата на важните државнички активности на Папата, а до некаде и на деформација на заклучоците кај пошироката јавност.

Што е важно за разбирање на идеите на Папата

Иако сите ставки не се предмет на оваа анализа, ги изнесувам само како преглед на неговата акција:

– Воведување на казна за дело за премолчување на кривично дело на педофилија во канонското право.

– Именување на кардинал по клучна популациска репрезентативност, а не по клуч на провениенција или блискост со центрите на моќ, т.е. трансфер на кардиналските власти на перифериите на светот. Се работи за намалување на моќта на Римската курија, со паралелен трансфер на квотите на моќ од врвот на базата, како и наградување кое води сметка не само за квантитетот, туку и за квалитетот на борбата со предизвиците. Идната конклава повеќе ќе се рефлектира на плуралитетот на малите учесници. Црквата, токму како и креативното именување, како тие во Морелија во Мексико или Јангонг во Мјанмар, каде верниците кои ги претставуваат неокардиналите, секојдневно се справуваат со доминацијата на крупните нарко-трговци или со воената хунта. А далеку помалку ватикански кариеристи на кои Берголио континуирано им ги укинува столиците, при Светата столица, отворено преферираат теренска акција над дворската прилагодба.

– Безрезервно признавање на Палестина. Јасен став наспроти Блискиот исток, по пат на активна соработка на апостолските нунции во Бејрут со маронитите, на обидите за отварање на хуманитарен коридор и згрижување на сириските бегалци.

– Општа зајакната активност во посредувањето во меѓународните политички тензии и конфликти.

– Воведување на транспарентност во функционирањето на банките ИОР, отпор на интерните усталени центри на моќ, изнаоѓање на нови рамнотежи во раководењето на ватиканските приходовни средства, со нивна паралелна централизација во една институција и директна одговорна врска за именување на раководители. Укинување на непотребни канцеларии, функции и министерства.

Самите тие ставки, кои никако не го исцрпуваат пописот на неговите важни потези во својство на државник, ги демантираат лицата кои се сомневаат и кои во неговата акција гледаат успешен маркетинг и верска пропаганда.

Таквите редуктивни видувања се темелат на предрасуди, кои лесно се рушат довикувајќи го во аргументацијата фактот дека Градот Ватикан е држава, со своето членско место во Собранието на ООН, каде ја наоѓаме во првите редови на борбата за јакнење на власта во Собранието, наспроти аристократскиот Совет за безбедност.

Адути во човечноста и правичноста

Исто така се занемарува и фактот дека pапата неговата човечка скромност и правичност, државничка одлучност и доследност, го прават далеку поголем лидер од било кој друг актуелен државник на светот. Со тоа не сакам да кажам дека Ватикан не располага со потентен ПиАр, кој внимава на пласманот на твитовите на pапата, води сметка за бројот на следбениците и промптно известува за ненајавените блиц посети на некое обесправено или ожалостено семејство или заедница на римската периферија.

Фрагментите се тие кои неодоливо потсетуваат на ноќните излети на добриот калиф Харун и Рашида, додека преправен во сиромав проверува што се случува на перифериите на Багдад и неговото царство, како и на нивното прекрасно прераскажување во Илјада и една ноќ… Секако дека маркетингот не е непознаница ни во Ватикан ни во Католичката црква, но важно е што со маркетиншката приказна сака да се пласира, купи или продаде, што се крајни цели и стратегии кои водат кон нив.

И тука се враќаме на почетокот, на апостолската цел да се биде со последните во денешниот глобален свет, во момент кога тој свет повеќекратно се поларизира, а секој пол има свој центар и своја периферија, покрај веќе постоечкиот раскол на Север и Југ, на богати и сиромашни.

Мултиполаризацијата на светот условува регионализација и меѓусебна жестока конкуренција, поради кои ниту една идеологија, а пред се таа либералната која симболично ја отелотворува WTO, не може да наиде на конкурентна доследна примена, бидејќи потребите за самозаштита стануваат се поголеми, со оглед на зачестеноста на кризите и потресите кои ги произведува глобализацијата.

Се интересира за сите кои се последни

На Папата интересни му се сите последни, тој светот го гледа глобално бидејќи од агол на верник, така го гледа и универзалниот Бог. Затоа неговата политика е чиста геополитика, која неминовно се развива преку стратегии кои се темелат на следните стратешки основи:

Првиот е визија која ги поврзува сите периферии, инспирирана на солидарност и сојузништво на последните, отпишаните или периферни наспроти центрите на моќ. Визијата на сојузништво на малите и периферни земји во меѓународните односи многу потсетува на Движењето на неврзаните. Идејата во добар дел се пресели и во самата конклава, на што укажува увидот во потеклото и курикулумите на новите кардинали. Тука тие не се наоѓаат како блок, туку во складна интеракција со претставниците на центрите кои иако малцински, не се помалку значајни во однос на целите на Папините пораки и цели. Целата конклава поприма лик на демократско-делегатски систем, каков што беше на сила во повеќе земји од Движењето на неврзаните, додека потеклото и бројот на кардиналите потсетува на претставниците и застапеноста на државите во Собранието на ООН.

Вториот е цврстината на позицијата наспроти претставниците на центрите на моќ. Агендата за посета на перифериите има поголем приоритет од салонските средби со државниците кои ги направија денешните полови. Папата со центарот разговара така што оди на периферијата и апелира и бара од таму. Во Сараево отиде од ЕУ да побара европска перспектива за Босна и Херцеговина, да не ја остават исклучена. Смешно е што некои очекуваа дека толку благородно, силно и детерминирано лице ќе дозволи да биде воден како мечка на меѓугорскиот Лас Вегас, промовирајќи празноверен кич, продажба на панаѓурски предмети и амбиентален барбаризам кој таму е направен. Да се надеваме дека барем се покајаа по таквите грешни мисли на кои ги наведе дворишниот егоизам и примитивен конзумеризам.

Во САД ќе оди во септември, така што ќе ја посети харлемската периферија и затворениците. Путин го прими на 50 минути како претставник на руската православна црква, а не како претседател на Руската Федерација. Последната пречка за мисијата на Папата за христијанството, да се биде со последните, е рускиот патријарх, ноторно на страна на посилниот и демократурата на Владимирович, поради што истиот не е во најдобри односи ни со останатите православни автокефални цркви. Браќата по Крст, настојуваат да не ги потенцираат меѓусебните дивергенции, туку мирољубиво се обидуваат да се убедат во она што е подобро за сите. Берголи е папа кој најмногу се приближи кон таа цел, независно од поддршката која ја пружа на украинската унијатска црква.

Третиот е угледот. Апелирањето од перифериите и одмереноста во директниот однос со моќниците на планетата, дополнително го потхрануваат и зајакнуваат неговиот soft power. И кон центрите и кон перифериите. Тоа дава сила на неговиот лидерски потенцијал за глобалните иницијативи, а го зајакнува и угледот на Католичката црква, како кај католиците, така и кај другите верници, но и агностиката и атеистиката. Угледот и довербата и денес се важни за перцепцијата на луѓето. Во Италија доживеа вистински подем на популарноста откако свика мисија за политичарите во шест часот наутро. Видно ненаспиени, со наведнати глави и рамена, пред работното време ги принуди да слушаат час и половина хомилии против злото и корупцијата, социјалната нееднаквост, моќта и алчноста, со кои папата немилосрдно ги маваше како строг Пастир и одговорен Отец. Бидејќи, ако со Злото па и со потенцијалното Зло не почнат сериозно да се борат, тоа ќе надвладее.

А, за крај, целосно е сеедно дали Доброто во секој човек ќе го поврземе со толкувањето на апата дека секој човек верник или атеист, е создаден на Божја слика или со дарвинистичкиот концепт за одржување на нашиот вид, поради кој мораме да правиме Добро за да преживее планетата, или видот да го заштитиме од нови војни, сиромаштии, маргинализација и несреќи. Важно е дека целта која е единствена за двете поставки да биде постигната. Притоа, за двете корисно е Папата Францискo да продолжи вака квалитетно да ја одработува својата државничка и апостолска мисија.

Би можело да ве интересира

Ватикан ги откри најновите информации за здравствената состојба на папата

Ана Ололовска

Папата им ги изми и бакна нозете на 12 млади затвореници

Ана Ололовска

Ватикан: Папата Франциско има тешка настинка

Ана Ололовска

Папата Франциск го осуди насилството во Израел и на Западниот Брег, повика на дијалог и потрага по мир

Ана Ололовска

Папата: Хомосексуалноста не е кривично дело, сите сме Божји деца

А1он

Италијанската премиерка во прва официјална посета на папата Франциск

Ана Ололовска