Папата Франциско го посети северниот дел на Шри Ланка

Од:

Папата Франциско денеска го посети северниот дел на Шри Ланка, што беше најтешко разурнат од војната, и ги повика жителите да си простат едни со други за сето зло во земјата.

Околу 300.000 лица со бело-жолти знамиња во боите на Ватикан го поздравија папата во храмот Мадхуа, што го посетуваат и Сингалези и Тамили од католичка вероисповест, како и лица од други вери.

Претходно Папата Франциско за време на миса во црква во Колумбо го канонизира Џозеф Ваз за прв светец на Шри Ланка.

Џозеф Вез е индиски мисионер од 17 век, што помогнал за зачувување на верата во Шри Ланка за време на прогонот на католиците.

Бунтовници од групата Тамилски тигри се залагаат за создавање на тамилска држава во северниот дел на Шри Ланка со децении. Според ОН за време на 25-годишната граѓанска војна убиени се меѓу 80 и 100 илјади луѓе. Владата на Шри Ланка успеа да го задуши бунтот со крвави офанзиви во 2009 година.

Би можело да ве интересира

Ватикан ги откри најновите информации за здравствената состојба на папата

Ана Ололовска

Папата им ги изми и бакна нозете на 12 млади затвореници

Ана Ололовска

Ватикан: Папата Франциско има тешка настинка

Ана Ололовска

Папата Франциск го осуди насилството во Израел и на Западниот Брег, повика на дијалог и потрага по мир

Ана Ололовска

Папата: Хомосексуалноста не е кривично дело, сите сме Божји деца

А1он

Италијанската премиерка во прва официјална посета на папата Франциск

Ана Ололовска