Папата Франциско ги повика светските лидери заедно да се борат против тероризмот, осудувајќи го синоќешниот напад во ноќниот клуб во Истабул во кој загинаа 39 лица.
Папата Франциско, пред 50.000 луѓе на плоштадот „Свети Петар“ го осуди нападот во Истанбул и порача дека се моли за жртвите и повредените луѓе, како и за целата нација која е во жалост.
– Го молам бога да ги поддржи сите луѓе кои имаат добра волја храбро да ги „засукаат ракавите“ и да се спротивстават на „терористичката чума“ и „крвавата дамка“ која го покрива светот со сенка на страв и чувство на загуба, истакна папата Франциско.