Папата Франциско им честиташе денеска на верниците од православните христијански цркви Божик по Јулијанскиот календар „во духот на братска љубов“.
Поглаварот на Римокатоличката црква упати честитка од Апостолската палата за време на обраќање до верници на Плоштадот Св. Петар.
Папата исто така ги поздрави и сите учесници во традиционалната костимирана поворка долж централните улици на Рим по повод Богојавление.