Папата Франциск загрижен заради поткопаниот мир во Европа

Од:

Папата Франциск изрази длабока загриженост поради нуклеарната закана надвисната над Украина. Тој изрази и жалење што мирот во Европа е поткопан.

Поглаварот на Римокатоличката црква претседаваше со завршната церемонија на тридневната Мировна конференција организирана од Добротворната заедница Сант Егидио во римскиот Колосеум.

„Денес доживуваме особено драматичен момент. Денес, она од што луѓето се плашеа и што никогаш не би сакале да се случи – прибегнувањето кон нуклеарно оружје кое продолжува да се произведува и тестира на осудувачки начин по Хирошима и Нагасаки – стана закана што отворено се упатува“, рече папата.

„Оваа година нашата молитва стана крик, бидејќи денес мирот е сериозно нарушен, повреден, погазен и тоа се случува во Европа, односно на континентот кој минатиот век ги доживеа трагедиите од двете светски војни“, нагласи Франциск.

„За жал, оттогаш војните не престанаа … да предизвикуваат сиромаштија на Земјата, но моментот што го доживуваме сега е особено драматичен“, продолжи Франциско кој повикува на мир од почетокот на руската инвазија на Украина.

На церемонијата Папата пристигна во инвалидска количка и беше поздравен од околу три илјади присутни во Колосеумот.

Мировната конференција се организира секоја година од 1986 година и собира високи политичари и свештеници од целиот свет. Собирот заврши со парафирање заеднички апел за мир упатен од лидерите на различните верски заедници.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Папата во критична состојба

Повторно судир на САД и Украина: Зеленски не ја повлекува резолуцијата од ОН

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

Ќе има проблем, Зеленски повторно не го потпишува договорот за минералите

Предраг Петровиќ

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Путин за моќното оружје: Температурата на боевата глава е иста како температурата на површината на Сонцето

Предраг Петровиќ